
За Нас
Нашата Приказна
MAKEAR е Бренд кој веќе 9 години успешно се пробива во индустријата за нокти низ Европа и пошироко. MAKEAR претставува нов стандард кој воведува нови квалитети и иновации во индустријата на нокти. MAKEAR е повеќе од само бренд. Тоа е израз на страст и посветеност на сите оние кои бараат најдобро од најдоброто.
Нашата мисија е да го понудиме најдоброто решение, создавајки производи кои се совршено прилагодени на потребите на нашите корисници без компромиси во однос на квалитет и функција. Секој производ носи гаранција на трајност, внимателно избрани матријали и користење на иновативни технологии.
Она што го одбележа почетокот на ова Мејкар возење низ Македонија, е минатогодишното отварање и започнување со работа во бизнис центарот во Градскиот Трговски. Момент кога сите креативци и професионалци се собраа и љубопитно ни дадоа мотив за оставрување на сите наши соништа.
Успеавме да ја споделиме нашата визија, да оствариме контакти и да започнеме нов предизвик, а сето тоа го зачинивме со смеа, радост, селфиња и знаење.
Низ патот по кој тргнавме нема правила и здрава конкуренција. Се запознавме со каракатерот на суровиот пазар и го поминавме прагот кон сериозен бизнис. Ја лулкаме секоја идеја за доброто на сите. Го грабаме времето до максимум и се обидуваме да го оправдаме секој наш чекор.
Со гордост и од оправдани причини создадовме тим од Едукатори кои сериозно исполнуваат високи критериуми со кој го оправдуваат својот удел во едукативниот дел.
Потоа продолживме да креираме скалила за поголема свесност и препознавање на квалитет и секој модул со кој се качувавме по едно скалило плус кое не донесе денес и тука.
MAKEAR за нас е линија која ни дава стабилни вибрации, Успехот не е случајност туку стратешки чекори.
Светкаме, мирисаме и следиме модни трендови.
Квалитетот ни е заштитен знак...
Некаде на сред пат остваривме уште неколку проекти каде раскажавме приказна на повеќе јазици и тоа со големи букви и на следниот кружен тек забележавме дека сите правци водат кон успех.
Се трудиме да бидеме најдобрата верзија, препознатливи и едноставно совршени.