Maker Academy

Makear Academy

Master the art of makeup with our exclusive workshops and courses led by industry professionals.

За Академијата

Во минатото, професионалната ориентација и афирмација во деловната сфера биле последица на еден вообичаен образовен пат, додека во денешно време се создава потреба да се "засукаат ракави" и да се осмислуваат нови и алтернативни занимања за можат луѓето да се соочат со надминување на општата криза на невработеност. Оттука произлегува и се формира идејата за создавање на нова професионална фигура којашто би се занимавала со една естетска гранка, до сега често запоставувана и сфаќана прилично површно: Оникотехничар.

Самиот термин, онкотехничар, звучи невообичаено, тежок е за разбирање, но станува збор за термин од грчко потекло којшто подразбира "Техничар за нокти". Американците биле првите коишто ја вовеле оваа професија во деловниот свет. Тие размислувале колку би можело да им биде важно и забавно на жените да го подобрат естетскиот изглед на ноктите на рацете и нозете, притоа оживувајќи го она што азиските народи го правеле во минатото.

Денес оваа техника претставува чекор на заеднички интерес и предмет на медиумски реклами. Иницијално, заради големите трошоци, овој феномен бил резервиран само за лицата од малите и големите екрани, додека денес, сосема спротивно, достапен е секому кој го посакува, па со тоа станува една од најбараните услуги во естетските центри, козметичките салони, заедно со депилациите и масажите.

Техничарот за нокти пред се се бави со негата и убавината на ноктите и претставува најкомпетентно лице на кое можете да се доверите за да добиете совет за правилен маникир или домашен третман како би сте го одржале растот на здрави и цврсти нокти. Во најголем број случаи, на техничарот за нокти му се обраќате кога имате проблем со ноктите во врска со нивниот облик, чувствителноста, кршливоста, проблем со нокти кои се рамни, кратки или пак споро растат.

А самиот феномен, меѓувремено стана светски тренд којшто се следи како мода. Академијата е центар кој постои од 2014 година и до сега има реализирано илјадници обуки. Програмата е поддржана од Универзитетот за возрасни ОГДУ Кочо Рацин, Скопје.

Нашиот провајдер е еден од најголемите во областа на едукативниот дел кога станува збор за курсеви, обуки и постојано инвестирање во развојот на идните таленти. Сертификатите се верификувани од Министерството за образование и истите се признаени пред сите инспекциски надзори во Македонија и надвор од неа.

Она што не издвојува од другите е несебичното споделување на знаење и комуникацијата со нашите ученици дури и по завршувањето на својот курс. Препознатливи сме по екстремните техники и вештини за фронтално учење. Можноста да бидете дел од оваа едукативна програма ќе Ви донесе не само знаење туку и бесплатно долгогодишно менторство кое е одличен чекор плус за Вашиот успех и понатамошно работење.

Наш Курс

Професионален Курс за Техничар за Нокти

Едукатор: Убавка Петков

ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ

  • • Запознавање со поимот техничар за нокти, видови на техники со кој што ќе се занимава
  • • Однос и работа со клиенти
  • • Видови на менаџирање и предлози за успешна работа
  • • Запознавање со алатите за работа
  • • Хигиена при работа на просторот и на алатките
  • • Правилна нега на ноктите (користење на ракавици додека се чисти, крема за раце и масло за кутикули)
  • • Запознавање болести и гливични инфекции и нивно препознавање
  • • Стерилизација и одржување на материјалите
  • • Запознавање со материјалите и новна компатибилност (видови на турпии, видови на УВ ламби, видови на билдер гелови, видови на прајмер, видови на завршен сјај, видови на бази, начини на оптимално користење)

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ

  • • Класичен маникир
  • • Гел лак техника
  • • Правилна припрема на ноктот
  • • Гел на природна должина
  • • Шаблон, поставување и кроење
  • • Изучување на техники за изработка на нокти за надградба (шаблони или дуал форми)
  • • Запознавање со видови на форми
  • • 4 салонски форми на нокти (практичен дел: коцка, овал, балерина, стилето)
  • • Правила и шеми за турпијање
  • • Работа со билдер гел
  • • Цртање и декорација
  • • Француски маникир

Academy Gallery

Academy Image 2
Academy Image 3
Academy Image 4
Academy Image 5
Academy Image 6
Academy Image 7
Academy Image 8
Academy Image 9
Academy Image 10
Academy Image 11

Подготвени сте да го започнете вашето патување?

Придружете се на нашата заедница на ентузијасти и професионалци. Запишете се на курс денес и трансформирајте ја вашата страст во експертиза.

Контактирај не за Запишување